Денеска тинејџерите едвај чекаат да добијат мобилен телефон, по можност од оние паметните, на кој можат да ги инсталираат сите апликации и игри за кои слушнале.
Но имајте предвид дека и при неговото користење има правила на добро донесување кон кои мора да се придржувате. На пример, не е убаво да им се испраќаат пораки на другите со кои сте во иста соба или да кревате врева ако некој не ви одговори на пораката во истата секунда.
За да ви помогнеме, еве некои основни правила на однесување при употреба на мобилен телефон:

Кога не треба да користиме мобилен?
Обидете се да не се јавувате кога јадете, особено ако сте седнати со сите членови на семејството на маса.

Како да не ѝ пречите на околината?
Не мораа да бидете достапни 24 часа. На пример, ако сте на кино или во театар, на луѓето што седат до вас нема да им биде пријатно ако се допишувате со пораки во замрачена сала. Исто така, кога ќе седнете со другарите, треба да се дружите, а не секој да гледа во својот телефон и да молчи.

Како да бидете стрпливи во комуникацијата?
Не треба никому да му додевате со постојано испраќање пораки, фотографии и слично, доколку на првата порака не добиете одговор. Исто така, ако некој не ви одговори веднаш, тоа не значи дека ви е лут или ве игнорира намерно. Можеби во моментот телефонот не е до него или спортува, пишува домашно и слично. Затоа не испраќајте 20 пораки едноподруго, туку трпеливо чекајте одговор!

Кои фотографии не се праќаат?
Самосликот е многу популарен меѓу тинејџерите, но ако на фотографијата има и други луѓе, не треба да ги проследувате сликите без нивна дозвола. Особено не треба некого тајно да фотографирате, а потоа да му се исмевате јавно. Исто така, она што некој друг го напишал во порака, не треба да им го прикажувате на други, а камоли да го споделувате на социјалните мрежи.


Кога мобилниот оди на спиење

Не спијте со мобилниот до вас, туку оставете го некаде во дневната соба. Освен што така подобро ќе се наспиете, ќе бидете заштитени и од неговото штетно зрачење.

Не испраќајте по 20 пораки едноподруго, туку трпеливо чекајте одговор