Во Младинскиот културен центар во Скопје е отворена Ликовна работилница за млади таленти.
Училиштето за цртање, сликање и рекреација работи по утврдена програма, која овозможува постапно и темелно запознавање со тајните на цртачките и сликарските техники во креативна атмосфера. Часовите ги води дипломираниот уметник Доротеј Нешовски.
Работилниците ќе се одвиваат преку применување игра, социјални концепции, дизајн, размислување, идеја, креативна емпатија, решавање проблеми, создавање дела, печатење дела, проектирање уметнички дела и нивно перципирање, инспирирање, обработки и анализа, дискутирање, за да се запознаат со уметноста и дизајнот, нејзините карактеристики и техниките, нивната употреба и откривање на традиционалните и современите техники на сликање и процеси на работа преку забавни и иновативни содржини.
Застапени се техниките: молив, туш, акварел, гваш, темпера, комбинирана техника, сув пастел, јаглен, современи пристапи.
Придобивките од посетата на ликовното ателје се многубројни:
стекнување знаење за ликовната уметност и култура;
дружење во безбедна и креативна средина;
развивање естетски и теоретски вредности;
учество во подготвување и организирање ликовни изложби создадени од учесниците;
посета на ликовни изложби.
Сите работилници ќе се одвиваат според протоколите за заштита од ковид-19. Максимум учесници на една работилница е 15-20 деца.
Пријавување: Детското ликовно ателје е наменето за деца од 5 до 12 години, во две групи, во следниве термини:
Група од 8 до 12 години:
– вторник и четврток 18 – 19.30 ч.
– месечен надоместок со вклучени материјали за работа: 1.800 денари
– цена за присуство на поединечна работилница: 250 денари
Група од 5 до 8 години:
– сабота 12 – 13.30 ч.
Пријава: [email protected]