Од творештвото на Благородна Никодиноска
Татковината се чува со реката,
со рибите во водата,
со тенката лична берза
што расте во слободата.
Татковината се чува со птиците
што летаат во висините,
со срните, ежињата
по ливадите и долините.
Татковината се чува со децата
што среќно скокаат на игралиштата
што учат, играат и пеат
во дворовите на училиштата.
Татковината се чува
чиста, убава и лична
за да биде вечна
како златно сонце слична.