Учениците од 2-4 одделение од ОУ „Ј.Х.Песталоци“ од Скопје со писмо ѝ го честитаа денешниот 86-ти роденден на омилената писателка Оливера Николова. Токму денеска тие ја обработуваат лектирата „Зоки Поки“, книга со која растеле многу генерации и откриле дека на овој ден таа е родена и одлучиле со писмо да ѝ го честитаат роденденот.
„Драга писателке Оливера Николова,
Ние учениците од 2-4 одделение при Оу „Ј.Х. Песталоци“- Скопје, ви го честитаме 86-от роденден со безброј желби за многу прекрасни, радосни мигови и уште многу, прославени родендени.
Ви благодариме за вашите дела кои со радост ги читаме и кои го исполнуваат нашето детство. Денес ја обработуваме лектирата „Зоки Поки“ и со авантурите на Зоки и Лидија ние растеме.
Ви испраќаме безброј прегратки и ви благодариме на вашите прекрасни дела кои ги читале и ќе ги читаат уште многу генерации“ , напишаа во писмото вторачињата од „Ј.Х. Песталоци“.
Се надеваме дека овој гест ја израдувал писателката Оливера Николова, а од името на нашата редакција и ние ѝ упатуваме честитки за роденденот.
М.Т.