ПРВО МАКЕДОНСКО ДЕТСКО ШОУ НА ЈУТЈУБ
„Децата зборуваат“ е насловот на новата емисија за деца што од неодамна еднаш неделно се емитува преку Јутјуб (Youtube). Во концептот, децата се главни ѕвезди на серијалот. Тие зборуваат за секакви теми – од омилените играчки и смешни случки до големи прашања како што е среќа и зошто мачките не зборуваат.
Авторка и водителка на „Децата зборуваат“ е Нина Попадинова, психолог по професија, која десетина години на различни начини преку работата во издавачката дејност и преку работата со талентирани и надарени ученици е во постојан контакт со децата
– „Децата зборуваат“ – најискреното и најсмешно прво македонско детско шоу на Јутјуб. Мојот тим го сочинуваат и Младен, Дарко и Борјана, кои се зад камерите и без нив емисијата не би постоела. Заедно со нашите поддржувачи им даваме глас на најмалите и создаваме магичен свет за децата – вели водителката Нина Попадинова. Ф.Д.