Вие ни јавувате
„Направи ме среќен!“ е мотото под кое во нашето училиште секоја година го одбележуваме 2 Април, Светски ден на аутизмот. Сите деца на овој свет се деца, секое со своите сличности и различности. Секое дете заслужува да биде среќно – велат од ООУ,, Блаже Конески“ во Скопје за нивните неодамнешни активности.
Овој пат учениците од 3-1 одделение, заедно со одделенската наставничка Јадранка Клисарова и образовната асистентка Ангелина Цветковска, а во соработка со ОУРЦ „Д-р Златан Сремац“, имаа повеќе активности:
– разговор за аутизмот
– како да се однесуваме со другарчињата што имаат аутизам
– вклучување на сите другарчиња во активностите
– изработка на многу едукативни материјали
– плакат со отпечатоци на сите деца
– венец со симболика на сличноста и различноста кај децата
Посебен белег му беше даден на значењето на следните искази:
1. Доколку видиш дека сум вознемирен, повикај ја наставничката.
2. Подобро ќе научам доколку ми покажеш како се прави тоа, отколку да ми објаснуваш со зборови,
3. Приближи ми се за време на одморите, биди ми другар, биди трпелив, изброј 1, 2, 3…
4. Внимавај, може да ме вознемират гласни звуци и нагли допири.
Дечињата нацртаа и интересни цртежи, од кои објавуваме дел.