Дали сте знаеле
Македонија има 8 фамилии, 76 рода, а досега се регистрирани 201 вид пеперутки. Од нив, 174 се присутни во долината на Треска. Во леденото време, пред милиони години, кога почнале да се топат мразовите, пеперутките нашле прибежиште во долината на Треска, каде што имале услови да се скријат од неповолните атмосферски услови.
Охридско Езеро е старо меѓу три и десет милиони години, а на неговото дно се наоѓаат остатоци од вулканска маса од вулкани во Италија што биле активни пред 50.000 години. Езерото во минатото било пониско за 50 метри од сегашното. Истражувањата за Преспанско Езеро покажаа дека неговото ниво се одржува стабилно во последниве 50.000 години. Токму тука се наоѓа врската помеѓу овие две езера.
http://www.kingmarkoland.com|