Гевгелија на 30 април го одбележа Меѓународниот ден на танцот. Над 200 ученици од четврто одделение од гевгелиските основни училишта учествуваа во флешмоб-настанот организиран по повод Меѓународниот ден на танцот, кој се одржа на плоштадот во центарот на градот. Овој настан беше дел од априлската програма за манифестацијата „Гевгелија град на култура 2025“.
Флешмобот започна со тактови на енергична музика, со изведување синхронизирана кореографија, која им го привлече вниманието на многубројните граѓани и минувачи.
Настанот, во организација на ЈОУ пионерски дом „Јосип Броз Тито“ – Гевгелија, имаше цел да ја промовира важноста на танцот како форма на уметнички израз и културна поврзаност, но и да ја поттикне младата популација да се вклучи во културни активности.
Љ.А.