OД ТВОРЕШТВОТО НА ПИСАТЕЛКАТА ВЕСНА МУНДИШЕВСКА ВЕЛЈАНОВСКА
Ангел и неговиот велосипед
имаат куп заеднички приказни,
и двајцата се немирни
и доживуваат случки разни.
Велосипедот сака нови гуми,
здрави педали и кочници,
а Ангел да вози брзо низ шуми
и на едно тркало да мери улици.
Паѓаат и стануваат, па се дотеруваат,
едниот за да е исправен, а другиот чист,
да биде славен – број 1 велосипедист.
Еее, ама вчера Ангел убаво тресна,
па сега пее сосем друга песна:
Си вози на патека со брзина лесна,
не користи слушалки, не се прави шизик,
си знае сега Ангел – тоа е ризик!
На натпревари за возење заедно одат
и сообраќајни правила вредно си учат.
Престапи нови нема да се случат!