ТАЛЕНТИ
Учениците од класата на народни инструменти кај проф. м-р Мендо Ташкоски од ОМУ „Ордан Михајлоски -Оцка“ од Прилеп ја започнаа натпреварувачката сезона со две први и една втора награда. На меѓународниот натпревар во Штип, кој се одржа од 11 до 18 април, со прва награда се закитија Матеј Љубески на кавал и Матеј Карески на тапан во Б-категорија, Максим Иваноски на тамбура и Петар Думбалоски на тапан во преткатегорија. Втората награда во преткатегорија им припадна на Стефанија Спасеска на- тамбура и Андреј Велевачкоски на тапан.
Учениците одлично се претставија со композициите „Единаесетка“, „Кумановско“, „Каравлашко“ и неколку преадаптирани народни напеви, со кои ја освоија симпатијата, но и најмногуте бодови кај стручното жири.
Нивниот професор Мендо Ташкоски вели дека учениците виртуози на народни инструменти продолжуваат да учествуваат на натпревари и се надеваат на нови успеси. Следниот настап им е на државниот натпревар на 25 и 26 април во Битола. Ка.М.