Млади од Турција, Унгарија и од Италија во посета на Македонија
Секогаш кога одиме во некоја странска држава, обично ги посетуваме центрите на големите главни градови, булеварите, црквите, катедралите, музеите, луксузните кафулиња или ресторани. Но душата на еден народ се открива токму седејќи на традиционалната трпеза и при посетата на некое село. Ученици од Турција, Унгарија и од Италија беа на гости кај учениците од ООУ „Даме Груев“ од Битола. Домаќините, пак, меѓу другите содржини, одлучиле гостите да ги однесат на едно навистина необично место каде што ќе можат за го вкусат залакот на традицијата. Имено, учениците и нивните наставници што неколку дена беа во Македонија на ученика размена преку проектот „Еразмус+“, ја посетија домаќинската куќа „Пирустија“ во охридското село Рамне. Учениците поделени во пет групи добија различни задачи и доживеаја необично искуство. Тие учествуваа во приготвување традиционални македонски јадења, а потоа се сладеа со заедничкиот труд.
Ф.Д.