Фото: Маја Јаневска-Илиева

Снегулки

Снегулките кога паѓаат
многу ми се допаѓаат.
Лебдат на сите страни
како мали, бели падобрани.
Се држат цврсто за рака
и паѓаат од небото така.
Како снежен
покрив на земјата
се напластуваат.
Паѓаат од многу високо
но не се повредуваат!

Димитар Алачки


Првиот снег

– „Дај ми бабо шал и капа,
надвор снегот вее!
Облечи ми топол џемпер
тело да ми згрее.

– Дедо, кажи кај ја стави
санката од лани,
ме чекаат другарчиња
на ридот се збрани.

– И тебе те канам, бате
на стрмниот брег,
да ме кренеш ако паднам
во мекиот снег“.

Стојан Арсиќ


Зимска слика

Дојде зима студена
волкот в гора вие,
Баба Меца во пештера
отиде да спие.

Сите птици преселници
на југ гнезда свија,
врапчињата малечки под стреи се кријат.

А пак снегулките
натежнаа гранки,
дечињата весели
се возат на санки.

Наум Попески