Ајде да видиме…
Соѕвездија се области на кои е поделено небото, заради полесно препознавање на ѕвездите, галаксиите и другите објекти што се наоѓаат на небото. Во далечното минато, пред да се појават телескопите, првите астрономи ги групирале ѕвездите во шеми, замислувајќи дека нивните форми изгледаат како богови, херои и свети животни од народните легенди.
Линијата што тргнува од двете ѕвезди на соѕвездието Мајор (Голема Мечка), води до ѕвездата Северница, која се наоѓа речиси на самиот север. Порано морнарите ја користеле оваа појава во текот на пловидбата.
(Од детската илустрирана енциклопедија „Прашања и одговори“ на „Топер“