ПОВИК ЗА СОРАБОТКА ОД „КОЛИБРИ“
Драги деца, во најлетниот месец јули, како вие го минувате летниот распуст? Дали веќе се одморивте од училишните обврски и дали почнавте по малку и да ги читате лектирите? Еве, ние ви предлагаме да ни испраќате песни, цртежи, раскази и репортажи од вашите летни доживувања и авантури сѐ до крајот на летото. А ние ќе ги избереме најдобрите три и ќе ги наградиме со книги. Прифаќате? Тогаш, ве чекаме со нетрпение, за вашата креативност не се сомневаме.
Вашите творби испратете ги на мејлот: [email protected] до 15 август.
„Колибри“ ви посакува среќно и инспиративно лето!