Дали сте знаеле
Најстарите сведоштва за архитектонските поединечни и групни волуменско-просторни композиции во вид на наколни живеалишта се во Дојранско, Охридско, Преспанско и другите езера, како и неолитските континентални и островски населени места што го афирмираат големиот степен на развојот на цивилизацијата. Светилиштата во вид на „Камени столови“ („Долмени“) од Црна Лома или Илина Гора кај Осинчани и комплексот од разновидни долмени од „Штерпа“ блиску до Богданци, како и најстариот неолитски обелиск од „Милисин“ на подножјето на Кожув Планина, се само непобитни праисториски сведоштва за континуитетот и разновидноста на материјалната култура.
Грамадите наречени Маркови Кули ги сочинуваат многубројни разновидни мали денудациони форми, што претставуваат извонредна фина скулптура на релјефот, интрудирале пред околу 300 милиона години во постарите гнајсеви, чија старост е проценета на околу 720 милиона години. Подоцна на овој дел од теренот се создадени некои од овие комплексни геоморфолошки облици што имаат џиновски размери со тежина до неколку стотини тони.
http://www.kingmarkoland.com