Детскиот ликовен центар – Скопје ги потсетува сите заинтересирани млади таленти дека рокот за учество на конкурсот – меѓународна изложба на млади „13 Ноември 2025“ е до 15 октомври. Дотогаш треба да се испратат творбите на младите уметници.
Темите се слободни, како и материјалите и ликовните техники, кои се по избор на менторите и на младите творци од градинките, основните и од средните училишта.
Според пропозициите, можете да учествувате со најмногу 25 творби од вашата установа.
За поконкретни информации можете да се јавите во Детскиот ликовен центар на Хари, на тел. 077 904 609.