Дали сте знаеле…
Пабло Руиз Пикасо (1881-1973) е најголемиот уметник на 20 век и еден од основачите на ликовниот правец кубизам. Бил сликар, вајар, цртач и графичар. Тој е син на Хозе Руиз Бланко, кој бил професор по цртање, и на Марија Пикасо Лопез. Невообичаениот интерес за цртање го пројавува многу рано, кога имал само 10 години. Тогаш станал ученик на татко му во Коруња, каде што семејството се преселило во 1891 година. Од тој момент неговиот талент и желба за експериментирање и за развивање на сопствениот ликовен израз му помагаат многу брзо да ги надмине уметничките способности на татко си.
Кога Пикасо имал само 13 години ја направил својата прва изложба.
Во 1895 година во Барселона, Пикасо се запишува на кралската академија „Сан Фернандо“ и секојдневно со часови минува во музејот „Прадо“ и ги открива делата на познатите шпански сликари.
Во 1907 година на своите пријатели им ја покажува сликата „Госпоѓиците од Авињон“, што предизвикува вистински земјотрес во светското сликарство. На неа тој го претставува светот во искршено огледало.
Пикасо важи за најплоден сликар на сите времиња, а според Гинисовата книга на рекорди тој се потпишал на 13.500 слики, 100.000 графики, 34.0000 илустрации за книги и на 300 скулптури. Вкупната вредност на неговите дела во 1973 година е проценета на 750 милиони долари, но сега вредат десетпати повеќе.
Сликите на Пикасо долго биле оспорувани, а самиот доживува голема слава многу подоцна, како уметник што бил далеку пред своето време.
Една од најпознатите негови слики е „Герника“, која Пикасо ја насликал во 1937 година, како револт поради граѓанската војна во Шпанија.
Тој се женел двапати и имал многу вонбрачни врски. Имал четири деца, а последното дете го добил на 68 години. Умира во 1973 година од грип.