Бисерчиња од детските главчиња (3)
– Немој Алек, не фаќај го шпоретот, ќе те фати струја – викна татко му Диме.
– Зошто, тато, не ја фати мама, таа сега вареше млеко и го фаќаше шпоретот? А, еве, сега и баба Жане вари чај, пред тоа вареше кафе, па не ги фати струја?
– Не ги фати струја зашто тие се возрасни – му одговори татко му.
– Значи, тато, овој шпорет е направен само за возрасни?
Коментар: Така е Алек, шпоретот е направен за возрасни, нема шпорет за деца! Знаеш зошто? Затоа што децата можат да ја фатат плочата и да се изгорат, а ако е расипан шпоретот, може и струја да ги фати.
Но ти си умно дете и не врти се околу шпоретот, договорено?
Автор: Славка Арсова