Плодот ѝ е сина бобинка и се нарекува боровинка. Таа е многу здраво овошје, а ја има во нашите шуми и планини. Боровинката уште се нарекува природен инсулин затоа што е регулатор на шеќерот. Особено е вкусен и здрав сокот од боровинки. Ако не сте пробале досега, наберете или купете и вкусете ги.
На здравје!
Ваш Филип Димкоски
Боровинки
Во мај и јуни цвета,
од јули до септември се бере,
ако не узреала добро,
устата ќе ти ја собере.
Сините бобинки
многу се здрави,
кој од нив јаде,
со болестите,
лесно ќе се справи.
За авторот
Филип Димкоски е поет од младата генерација македонски литературни творци, кој пишува и за деца и за возрасни. Покрај тоа тој е дипломиран земјоделски инженер, новинар и долгогодишен соработник на „Колибри“ и на „Нова Македонија“. Автор е на поетските книги „Најхранливи зборови од детска душа дарови“, „Божилак на исконот“, „Заедно да растеме“ и „Во градината има само љубов“. Добитник е на повеќе награди, а поезијата му е препејувана и објавувана на повеќе јазици во десетина држави. За афирмација на македонскиот јазик и образованието е добитник на највисокото градско признание – плакета „3 Ноември“ на Град Прилеп.