Неколку идеи за летна дружба со вашето дете
Еве неколку активности што се лесни за реализација и кои распустот на вашето дете ќе го направат забавен, стимулативен и интересен.
Трагање по материјали за игра
Искористете ја можноста што ја дава летото и минувајте поголем дел до времето на отворено. Тоа ќе дејствува позитивно на вашиот имунолошки систем, на кондицијата и на расположението. Заедно со децата трагајте по материјали за игра и така работете на креативна имагинација, дружете се и создавајте заедно.
Нацртајте мапа на вашиот крај
Поминете заедно по патеката по која возите велосипед и обрнете внимание на деталите и на карактеристичните места и задолжително обележете ги оние што, според вас, се потенцијално опасни. Можете исто така да направите мапа на крајот во кој живеете и да ставите патокази што вашето дете треба да ги следи. Ова правете го само ако сте сигурни дека патот е апсолутно безбеден. При изработката, дозволете му на детето да учествува со свои предлози и сугестии.
Направете магазин за летувањето
Понудете му на вашето дете мала тетратка во која ќе може да ги забележи своите размислувања и искуства од патувањето, да го нацрта амбиентот во кој се одморате, да пресува цветче скинато во тамошниот парк или ставете некоја убава фотографија, билет од концерт што сте го посетиле, салфетка од омиленото кафуле… Ако запознае нови другари, може и тие да напишат по неколку збора за спомен. Па, ако на тетратката ѝ додадете кутија или ковчеже, сите скапоцености од патувањето ќе бидат зачувани.
Гответе заедно
Пронајдете некои едноставни рецепти за летни јадења и заедно со најмалите членови на семејството пригответе го специјалитетот на куќата и сервирајте го на посебен начин. А можете да го замолите детето да ги препише и среди вашите рецепти и во нив да додаде понекое свое омилено јадење.