Драги деца, во „Колибри“ објавуваме делови од книгата „Бонтон за деца“
на познатиот македонски писател Наум Попески, кој исто така неколку години
бил и уредник на нашето гласило за најмладите читатели. Бидејќи убавото
воспитување се учи од мали нозе, се надеваме дека со овие едукативни текстови ќе ви помогнеме да израснете во умни и внимателни момчиња и девојчиња
Навистина, убаво е речено: На лагата кратки ѝ се нозете!
И покрај тоа, има многу лажговци!? И тоа насекаде, во целиот свет!
А кој лаже, тој и краде!? Тие две работи одат заедно, рака под рака.
Па, што да се прави со таквите?
Добро воспитаниот си нема работа со нив. Оти и вака се вели: Ако ме излажеш еднаш, ти си виновен, а ако ме излажеш и вторпат, јас сум виновен?!
Со лажговци никој не сака да другарува. Најдобро е да си чесен и да ја сакаш вистината.