Тинејџерски кратенки

Македонскиот јазик беше дел од епизодата на „Симпсонови“ „Abe League of Their Moe“, емитувана на 27 април.
Во оваа епизода, ликот Аеропос Влаков, талентиран бејзбол-играч од Македонија, е доведен како своевидна сензација во Спрингфилд, а Мо Сизлак, кој открива дека тој има македонско потекло (по баба), зборува македонски и служи како негов преведувач. Епизодата вклучува и македонска песна преведена и изведена од Невена, Наум и Калина Нешкоски, кои исто така учествуваа во преводот и консултациите за епизодата. Одјавната шпица на епизодата беше на македонски јазик.
Ова е првпат во историјата на серијата, која има 36 сезони, да се појави македонски лик и да се зборува македонски.