Во тек е Летниот креативен и едукативен саем за деца, кој ќе трае до 10 јули, во книжарницата „Виарт“, кај Универзалната сала во Скопје. Предвидени се голем број попусти на детски и едукативни изданија и производи, но и голем број активности, меѓу кои и работилници и средби со писатели за деца и илустратори.
На саемот ќе бидат понудени интерактивни игри, едукативни изданија, сложувалки, друштвени игри, бајки, сликовници, боенки и слично. Сето тоа ќе биде достапно на онлајн платформата www.viart.mk.
Целта е да се стекнуваат нови знаења и да се поттикнуваат детскиот развој, говорот, пишувањето, читањето, цртањето и фантазијата.