Дали сте знаеле….
Едно најново истражување покажа дека тинејџерите во Велика Британија во просек користат само 800 различни зборови на ден, што е резултат на комуникацијата преку паметните телефони, готовите пораки, интернетот…
Овој феномен веќе ги загрижува надлежните стручњаци, кои оценуваат дека ограничениот речник ја намалува можноста за добивање работа и за успех во животот.
Меѓутоа, некои лингвисти тврдат дека за тинејџерите овој нов речник претставува средство за меѓусебно комуницирање и поедноставување на работите. Тие дури сметаат дека истражувачите се тие што не ја разбираат неговата сложеност.
Британските медиуми пренесуваат дека надлежните имаат намера да поведат кампања против сѐ послабото користење на англискиот јазик меѓу младите во земјата.