Катче за родителите (5)
Прашање: Зошто моите пријатели имаат повеќе играчки од мене?
Одговор: Од возрасните зависи што ќе прават со своите пари. Родителите на твоите пријатели одлучиле да потрошат повеќе пари на играчки од нас. Јасно ми е дека поради тоа ти може да бидеш љубоморен, но поголемиот број играчки нема да го направат нашето семејство подобро од кое било друго.
Што треба вие да знаете: Ова е можеби идеална шанса да започнете разговор за парите – од каде доаѓаат, како вашето семејство ги троши и чува, сугерира Шерон Летер, основач на „Пеј ју фемили фрст.ком“, организација посветена на подобрување на финансиската писменост. Таа додава дека на детето треба да му се објасни дека сѐ има своја цена и да се опише што мора да прават родителите секој ден за да ги платат сметките.
Објаснете му ја на детето разликата меѓу она што го сака и она што навистина му треба, а со малку постаро дете можете да разговарате како самото може да заработи пари. На пример, ако ѝ купи на баба си нешто за дома или ако му го измие автомобилот на соседот.