Катче за родителите (3)

Прашање: Зошто е оној човек бездомник?
Одговор: Драго ми е што го забележа. Има многу причини зошто луѓето остануваат без дом. Тој можеби ја загубил работата или многу се разболел, па веќе не може да се грижи за себе и за својот дом. Во секој случај, треба да го третираме со почит. Можеме и да им помогнеме на бездомните така што ќе им подариме некои работи.
Што треба вие да знаете: Децата имаат лимитирани погледи на светот и веруваат дека сите живеат како нив, вели Бренда Никсон, советничка за родители и авторка на книгата „Од раѓањето до петтата година“. Децата имаат потреба да бидете искрени со нив, но потребна им е и сигурност. Може да се загрижат дека и самите ќе бидат бездомници.
Децата често покажуваат неверојатно чувство – вели Бренда Никсон и додава дека најмалите често покажуваат неверојатна емпатија.