Фото: СОУ „Добри Даскалов“, Кавадарци

Фотовест

Во пресрет на празникот Св. Трифун, во Винскиот музеј во Кавадарци се одржа културен настан на кој учениците од драмската секција при гимназијата „Добри Даскалов“ го изведоа рециталот „Корени“.
Настанот беше исполнет со уметничка изразност, симболика и почит кон минатото, достоинствено одбележувајќи го празникот посветен на лозарството и винарството. Преку внимателно избрани стихови, учениците испратија силна порака за значењето на корените, идентитетот и културното наследство.
Рециталот потсети дека секој народ ја гради својата иднина врз темелите на своите предци, а традицијата претставува жив мост меѓу минатото и сегашноста.
Со вакви настани се поттикнува негувањето на културните вредности и се афирмира значењето на традицијата како инспирација за идните генерации.
Православната црква го слави Св. Трифун како поим за младост и доследност кон христијанските традиции. На иконите, тој е претставен или со сорче за режење лозје или со наметка како чувар на гуски. Православната црква неговиот ден го чествува на 14 февруари според грегоријанскиот календар како ден на лозарите и градинарите, а тој се смета и како покровител на меанџиите. Традиционално, на тој ден се врши обредното закројување на лозјето, а некои го сметаат за последен од зимските и за прв од пролетните празници.