Ајде да видиме…
Иако постојат многу мерни системи, официјално во употреба се меѓународниот или метрички и англоамериканскиот, кој се користи во САД и во неколку други држави.
Единиците на мерните системи може меѓусебно да се пресметуваат и за тоа се користат посебни таблици.
Така, основните единици на англоамериканскиот систем се претвораат во метрички на следниот начин: на пример, од унца, единица за маса и тежина, да се добијат грамови, бројот во унци треба да се помножи со 28,3495, за претворање на фунта во килограми со 0,4535. Така, еден инч изнесува 2,54 сантиметри, стапката е 0,3048 метри, милјата 1,6093 километри, јардот 0,9144 метри.
И температурата може да се мери на два начина – во фаренхајти и во целзиуси. Степените на Фаренхајт се претвораат во Целзиусови според формулата:
Ц – (Ф – 32): 1,8, односно степените на Целзиус во степените на Фаренхајт според формулата Ф = (Ц х 1,8) +32.