Ајде да видиме…
Секој предмет со голем волумен има поголема густина. Густите супстанции, како на пример железото, содржат големи атоми, кои се збиени. Ако некој предмет е поредок од водата, на пример парчето дрво, тој ќе плови по водата.
Парчето железо е погусто од водата и затоа паѓа на дното. Меѓутоа, трупот на бродот е изработен од железо, обликувано така што внатрешноста на трупот е исполнета со многу воздух, кој има мала густина и е многу лесен.
Вкупната густина на бродот е помала од густината на водата и тоа му овозможува на бродот да се одржи на вода.
(Од детската илустрирана енциклопедија „Прашања и одговори“ на „Топер“)