Вие ни јавувате
Неодамна во средното општинско училиште „Орде Чопела“ во Прилеп се одржа тестирање на играта „Изборологија“ со учениците претставници на ученичките училишни заедници од средните училишта во општината.
На оваа работилница претставници од здружението ЛЕАД (Leaders for Education, Activism and Development) ја презентираа програмата УПСХИФТ, која е спроведувана од УНИЦЕФ, со финансиска поддршка од Шведска и од Фондот за иновации и технолошки развој на Македонија, пред гостите од другите училишта, а учениците Џанер Фејзоски, Тамара Ковилоска, Сара Рајчиноска, Филип Гически и Андреа Гагалеска, членови на тимот „Ватерпоинт“, ја презентираа својата идеја за формирање систем за собирање дождовница со мини-екоовоштарник, со која беа избрани за еден од петте тимови на натпреварот на кој ќе се финансираат социјални иновации што се базираат на решавање на потребите на средните училишта и локалната заедница во делот на климатските промени и заштитата на животната средина.
Ѓорѓија Гагалески, Ментор на ученичката заедница при СОУ „Орде Чопела“-Прилеп