Овој список е направен со помош на стотина соговорници: ученици, наставници, родители и луѓе со различни професии

ПО ПОВОД 2 АПРИЛ, СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЛИТЕРАТУРАТА ЗА ДЕЦА, „КОЛИБРИ“ ВИ ПРЕДЛАГА:

Драги наши читатели, во период кога голем дел од времето минувате дома, имате доволно време да ги прочитате книгите што сте сакале да ги читате а не сте стигнале, да ги дочитате веќе почнатите или да ги препрочитате омилените книги. „Колибри“ за вас анкетира и разговараше со ученици, наставници, родители и луѓе со различни професии и профили во врска со книгите за деца од македонски автори што тие ги сакаат, ги читаат, омилени им се и ги препорачуваат.

Разговаравме со учениците од шестите и од деветтите одделенија во ОУ „Никола Карев“ од Кочани и со нивната наставничка Љупка Стојменова, потоа беа анкетирани ученици од училиштата од Прилеп, ученици од Скопје, но и возрасни читатели со различна професионална определба од целата наша држава. Со свои предлози ни помогнаа и членовите од групата на Фејсбук „Размена на книги и книжевни муабети“. За своите книги ни зборуваа околу сто наши соговорници, па, според тоа, составивме една листа од педесет и пет книги за деца од македонски автори.

Повелете, прочитајте, видете која од овие книги не сте ја прочитале и ако ве привлече, веднаш барајте ја и земете ја в рака. Секако, освен овие 60, постојат и други убави и вредни книги од македонските автори, но овој пат на листата се најдоа токму овие затоа што така избраа читателите.
А ако се прашувате зошто ја избравме токму оваа бројка, па затоа што и вашиот омилен додаток за деца што го држите в рака веќе шест децении, поточно 62 години, е дел од детството на многу генерации. Бидејќи ние ви предложивме 60 книги, другите две одберете ги самите според вашите афинитети. Се надеваме, дружбата со книгите и вас ќе ве поттикне да напишете некој стих, расказ, а зошто да не и роман за деца!
Ви посакуваме возбудлива авантура во светот на книгите од македонските автори. Среќен Меѓународен ден на литературата за деца!


Откријте го магичниот свет на литературата преку следните наслови:

„Белото Циганче“ – Видое Подгорец
„Волшебното самарче“ – Ванчо Николески
„Големи и мали“ – Бошко Смаќоски
„Бојан“ – Глигор Поповски
„Марта“ – Горјан Петревски
„Моливчето го боли срце“ – Евгенија Шуплинова
„Милосија“ – Ката Мисиркова Руменова
„Девојките на Марко“ – Оливера Николова
„Телефонот е во прекин“ – Томе Арсовски
„Понорница“ – Вера Симовска
„Сештологија“ – Ванчо Полазаревски
„Заедно да растеме“- Филип Димкоски
„Дружината братско стебло“ – Јован Стрезовски
„Рајна Војвода“ – Видое Подгорец
„Арамиско гнездо“ – Ѓорѓи Абаџиев
„Зоки Поки“ – Оливера Николова
„Игбал мојата тајна“ – Јагода Михајлова Ѓорѓиева
„Црни и жолти“ – Славко Јаневски
„Децата од нашата улица“ – Неџати Зекирија
„Сказна за Вилен“ – Глигор Поповски
„Шеќерна приказна“ – Славко Јаневски
„Цвеќенца“ – Бистрица Миркуловска
„Ѕвездени перничиња“ – Славка Манева
„Втората смена“ – Велко Неделковски
„Забавачето Марко“ – Мирјанка Р. Селчанец
„Песни“ – Васил Куноски
„Сакам книга“ – Александар Кујунџиски
„Ајдучка чешма“- Видое Подгорец
„Луман арамијата“ – Мето Јовановски
„Сказни и сторенија“ – Марко Цепенков
„Златно јаболко и други бајки“ – Христо Петрески
„Гоце Делчев“ – Ванчо Николески
„Oрхан“ – Неџати Зекирија
„Бели мугри“ – Кочо Рацин
„Шармери од осмо“ – Велко Неделковски
„Kaсни-порасни“ – Петре М. Андреевски
„Сончев дворец“ – Перо Миленкоски
„Летни, светни светулке“ – Наум Попески
„Споменка“ – Горјан Петревски
„Во срцето на птицата“ – Владо Димовски
„Срцката на Кате Карате“ – Љупчо Силјановски
„Самовилското коњче“ – Душко Наневски
„Кога се сакавме со Тинка“ – Михо Атанасовски
„Невенчиња во венчиња“ – Македонка Јанчевска
„Дневникот на Васко Пикаско и Зорка Сештозборка“ – Киро Донев
„Скокни, прескокни“ – Васил Мукаетов
„Сон на тркала“ – Стојан Тарапуза
„Дворец на опачини“ – Ристо Давчевски
„Мојот пријател А“ – Јадранка Владова
„Мице“ – Ванчо Николески
„Збунети години“ – Велко Неделковски
„Првата љубов голема, а ние мали“
– Вера Андон
„Дневникот на Биби од А до Ш“
– Билјана Црвенкоски
„Збунки“ – Ана Цветаноска
„Арно ама“ – Калина Малеска
„На пат за Тарантамбо“ – Трајче Кацаров
„Јамболлија што лае“ – Киро Донев
„Дом на Месечината“ – Славка Арсова
„Раскрилени пораки“ – Стојан Арсиќ
„Најденко во магичниот круг“ – Татјана Гогоска

 

Ваш Филип Димкоски