УЧИЛИШТЕН ПРОЕКТ НА ФОНДОТ НА ХОЛОКАУСТОТ И НА МЕМОРИЈАЛНИОТ ЦЕНТАР НА ЕВРЕИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА
10.2.2022 – 18.5.2022 г.
ОСНОВНА И ГЛАВНА ЦЕЛ НА ПРОЕКТОТ:
– Хармонија и соживот меѓу народите и спречување на деструктивните појави, како што се расизмот, антисемитизмот, ксенофобијата и шовинизмот.
– Издигање на свеста на учениците за меѓусебно почитување и соживот.
– Чување на моралните и етичките вредности и придржување кон нив.
– Продлабочувања на знаењата добиени во рамките на формалното образование.
– Запознавање на учениците со еврејската култура, традиција, историја и културно наследство.
Во рамките на проектот ќе бидат реализирани три проекта:
1. Креативен конкурс
2. Литературен конкурс
3. Дигитална содржина
Целна група:
Ученици од седмо, осмо и деветто одделение, ликовните секции од основните училишта, со поддршка на наставниците по мајчин јазик и литература, историја, граѓанско право, етика во религиите и сите други наставници, што се заинтересирани за проектот.
ЗАВРШНА МАНИФЕСТАЦИЈА: 18 мај 2022 година
На завршната манифестација ќе бидат прочитани трите најдобри литературни творби, ќе биде прикажан најдобриот краткометражен документарен филм и ќе им бидат врачени дипломите и благодарниците на учесниците во проектот. (Отворањето на изложбата на креативните творби е на 28.4.2022)
Награди за најдобрите:
1 x 1, 2, 3-то наградени – креативен конкурс
1 x 1, 2, 3-то наградени – литературен конкурс
1 x 1, 2, 3-то наградени – дигитална содржина
На сите учесници и наставници ќе им бидат доделени дипломи и благодарници за учество во проект „Холокаустот низ призмата на детските очи“.
КРЕАТИВЕН КОНКУРС: Роденденска честитка за сите непрославени родендени
Оваа година се определивме за поинаков пристап во обработката на темата. Учениците имаат можност да ги одберат техниката, материјалите и форматите што ќе ги применат во изработката на роденденската честитка за непрославен роденден.
Техника: избор на учениците
Креативен проект:
Учениците треба да изработат роденденска честитка и во неа да испишат порака за другарче што е убиено во холокаустот.
Предната страница е предвидена за креација за роденденска честитка, а во внатрешноста треба да се залепи фотографија на дете, да се напишат податоци за него (кога е родено, каде живеело, кога и каде згаснал неговиот живот и сѐ друго што ќе најде ученикот) и треба да се напише пораката до детето што не ги одбележало своите детски родендени.
Извор: Фотографии и податоци за деца што беа жртви во холокаустот. Можат да се користат од разни извори, но за да ја олесниме истражувачката работа на учениците, ви праќаме предлози од неколку линка:
https://www.joodsmonument.nl/en/page/123895/sarah-eva-vleeschhouwer
https://www.ancientfaces.com/photo/marianne-nunes-vaz/1327843
https://rememberme.ushmm.org/pages/child/mosesenglender-249
https://www.findagrave.com/memorial/143250017
Критериуми: Може да се користат секакви материјали за изработка. Големината на честитката е по избор на ученикот.
Пријавување на изработените творби:
Роденденските честитки треба да бидат предадени во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија најдоцна до 1 април 2022 година.
28 април 2022: Отворање на изложба составена од креативни творби
Доставување на творбите на адресата:
Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија
ул. 11 Март бр. 2
1000 Скопје
2. ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС
Тема на творбите: Детските родендени во војна
Своите творби учениците можат да ги напишат како проза или поезија.
Пријавување на изработените
литературни творби:
Менторот од секое училиште е потребно да направи селекција од најдобрите творби и да ги испрати, најдоцна до 20 април 2022 година
Доставување на литературните
творби на адресата:
Изработените литературни дела треба да бидат испратени до 20 април 2022 година, по електронски пат, со назнака „ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС – Холокауст“ на следната имејл-адреса:
[email protected]
Доделување на наградите и сертификатите: 18 мај 2022 година, во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија
ДИГИТАЛНА СОДРЖИНА
Изработување краткометражни документарни филмови
При подготвувањето на краткометражните документарни филмови учениците ќе треба да се задржат на темата „Животот на децата во холокаустот“.
Времетраењето на изработените дигитални содржини да не надминува повеќе од седум минути.
Доставување на дигиталната содржина:
Дигиталните содржини – краткометражните документарни филмови треба да се достават до Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија електронски, преку WeTransfer, или да се достават на цеде најдоцна до 25.4.2022 година.
Секое училиште учествува со еден или повеќе филмови.
Прикажување на победничкиот филм и доделување на наградите и сертификатите: 18.5. 2022 година, во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија
Напомена:
Сите креативни, литературни и дигитални творби остануваат во сопственост на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и ќе бидат жирирани од комисија составена од стручни лица.