КРЕАТИВНО КАТЧЕ
Учењето преку игра е од витално значење за развојот на детето. Со единствената техника „џампинг клеј“ се добиваат неверојатни фигури и играчки од глина, со помош од специјални инструктори на часови и на работилници, кои се неверојатно интересни.
Веселата глина „џампинг клеј“ потекнува од Јужна Кореја. Таа е создадена по 25 години темелно истражување и развивање, по што основачите дошле токму до оваа полимерна смеса за моделирање, која е уникатна и иновативна.
Елена Крстевска Спасовска, дипломиран психолог, е специјален едукатор во „Џампинг клеј“. Според неа, работењето со веселата глина овозможува неповторливо искуство, кое мотивира за повторно истражување и фантазирање.
– Играта е дел од секојдневниот живот на детето и овозможува учење преку забава. Таа помага детето да се развива и напредува на емоционален и когнитивен начин. Голем број светски научни истражувања покажуваат дека работењето со глина или пластелин е многу корисно за психолошкиот развој на децата од предучилишна и училишна возраст.
Поточно, работењето со глината „џампинг клеј“ (Jumping Clay) е уникатен и креативен процес, кој ја поттикнува имагинацијата кај детето преку создавање нови, оригинални идеи и помага во развојот на десната страна на мозокот. Исто така, процесот на работење го поттикнува емоционалниот развој кај детето преку градење самодоверба и самодисциплина, го охрабрува да се самоизразува и му помага да ја зајакне самодовербата. Низ игра со глината, децата вежбаат истрајност, односно им се овозможува да бидат истрајни во процесите на учење и откривање. Детето преку креативниот процес на изработување фигури е мотивирано докрај да ја спроведе активноста и да се почувствува самореализирано – вели Елена Крстевска Спасовска.
Преку учењето по пат на набљудување, со истражување и анализирање, децата откриваат нови начини на решавање на проблемите што се засновани на нивната перцепција.
– Работата со глината „џампинг клеј“ промовира фини моторни вештини и координација на очите и рацете. Со нејзино користење, децата на забавен начин ги учат основните форми, добиваат чувство за симетрија, величина, простор и содржина, учат како да ги мешаат боите, го потикнуваат развој на говорот и социјалните интеракциски вештини.
Поради сето ова, донесете ги вашите немирковци на нашите креативно-едукативни курсеви, со физичко или онлајн присуство – потенцира Крстевска Спасовска.
Секоја сабота има тематска работилница со физичко присуство, со примена на сите мерки за претпазливост.