Од творештвото на писателот Киро Донев
Штом ќе пукне зората –
„чук-чук“ се слуша во гората.
На стеблото од старата бука –
клукајдрвецот везден чука!
Со острото клунче без заби –
ново зимувалиште си длаби.
Во поточето со лисје и тиња –
буричка дивата свиња.
И лиска демне, душка –
во грмушката нешто ѝ шушка.
– Ешко е – сама си рече-
на грбот со дива крушка.
Наесен во шумата
што сѐ се случува –
за тоа природата
сама си одлучува.