Во здраво тело здрав дух
Под мотото „Мали тркала за голема промена – сите на тротинет“ во неделата во Прилеп, во организација на Општината, а по повод Меѓународниот ден без автомобили, по булеварот Гоце Делчев се одржа рекреативно возење со тротинет. Овој пат во фокусот беа најмладите – дечињата, кои симболично возејќи тротинет придонеса за поеколошка здрава средина.
Околу 200 момчиња и девојчиња се вклучија во рекреативната активност и возеа тротинет, а по завршувањето на турата, за сите следуваа пригодни подароци. Дружбата на најмладите беше збогатена и со убава музичка програма.
Настанот имаше цел да ја издигне свеста кај најмладите за алтернативни начини на транспорт, да го намали загадувањето и да ја поттикне физичката активност кај децата.
Фото и текст: Ка.М.