Драги деца, во „Колибри“ објавуваме делови од книгата „Бонтон за деца“ на познатиот македонски писател Наум Попески, кој исто така неколку години бил и уредник на нашето гласило за најмладите читатели. Бидејќи убавото воспитување се учи од мали нозе, се надеваме дека со овие едукативни текстови ќе ви помогнеме да израснете во умни и внимателни момчиња и девојчиња
Во моето соседство има повеќе дечиња, кои во слободното време играат во блиското игралиште. Таму е многу убаво: има и трева и цвеќе и место за детска игра. Со нив е и едно нивно другарче што има посебни потреби. Тоа не може да се движи без количка. Но тоа не им пречи на овие дечиња да играат заедно со него. Тие кога одат да се забавуваат или, пак, кога треба да учат заедно, му се јавуваат и се договараат на мобилен. Знаат дека е тоа еднакво како нив и дека и тоа сака, колку што може, да се забавува и да другарува со нив.
Ако и вие имате такво другарче, треба да го прифатите и да играте заедно. Да му помагате. Она што не може да го направи тоа, можете вие. Тоа, пак, можеби подобро учи од вас и повеќе знае. Тоа ќе ви помогне во знаењето.