Литературно катче
Се случи еднаш во соседната гора
штурците алчни почнале да бидат
и од мечките мед да крадат,
само за пари да вадат.
Медот скапо го продавале,
Демек внатре,,лек за сѐ ставале“
Медот од штурците
далеку се прочул
Дури и царот на мравките дочул.
Сториле трампа,
медот на војниците мравки
да се дава
за да не им бидат рамни
ниту илјада лава.
За тој мед,кралот голема пара дал,
сѐ што имал тој збрал.
Од медот на мравките,
в глава почнало да им се врти,
за слаткиот мед сите
станале стрвни.
Штурците избегале со богатството,
Иако биле лоши во морнарството,
ги поминале сите мориња,
стигнале и до Атлантида!
Таму куќа изградиле,
куќа на два рида,
обградена со три ѕида,
Живееле на Атлантида штурци,
Живееле штурци измамници!
Автор: Тамара Стојанова, 7-б одделениеООУ ,,Видое Подгорец“ – с. Колешино, Струмица
Менторка: Атина Манчева, наставничка по македонски јазик