Креативен конкурс за почиста животна средина
Октомври е месец на штедењето.
По тој повод, Шпаркасе банка и „Пакомак“ го организираат големиот креативен конкурс „Штеди, креирај, победи“.
Бидете креативни и создајте уметничко дело од пластика или хартија на тема „Штедење“.
На тој начин отпадоците може да се пренаменат во убаво уметничко дело, а наедно може да освоите и вредни награди.
Најдобрите дела Шпаркасе банка ќе ги награди со парични награди на штедна книшка. Креативниот конкурс е наменет за децата од градинките и од основните училишта.
Обидете се, многу е лесно: фотографирајте ја вашата креативна творба и фотографијата испратете ја на електронската пошта [email protected], најдоцна до 31.10.2018 г.
Доделувањето на наградите ќе биде на 4.11.2018, во емисијата „Горе долу, сите сме еднакви“, со Ивце Пивце. И.М.