На пригодна свеченост, која се одржа на 8 декември, на охридскиот плоштад им беа врачени наградите на наградените ученици, од литературниот конкурс што беше распишан по повод Свети Климент Охридски, патрон на градот.
Добитници на првата награда од прва категорија се Евгенија Марковска, ученичка во четврто одделение во ОУ „Ванчо Николески“ и Анастасија Чулеска во петто одделение од истото училиште.
Во втората категорија прва награда доби Софија Алачкоска, ученичка во деветто одделение во ОУ „Кочо Рацин“, а првата награда во трета категорија ѝ беше доделена на Јана Голобоска, ученичка во трета година на ОСО „Свети Климент Охридски“, сите од Охрид.
На сите наградени ученички им беа врачени парични подароци и по еден примерок од антологиската книга „Дојди во Охрид“. Ст.К.