КРЕАТИВНО КАТЧЕ
Учењето на децата низ игра е најкорисно и најзабавно со креативен процес. Многубројни светски истражувања покажуваат дека токму работата со глина или со пластелин е корисна за децата од предучилишна и училишна возраст. Конкретно, кај децата од тригодишна возраст ги развива фината моторика и фантазијата, придонесува за развој на говорот и овозможува детето да добие самодоверба.
Концептот на веселата глина на „Џампинг клеј“ (Jumping Clay) оди неколку чекори понапред и ја дополнува листата со придобивки од работата со глина, истовремено ги надминува сите негативни страни на другите слични производи на пазарот. За тоа колку е корисна работата со веселата глина доволно зборува фактот дека во светот се користи и во терапевтски програми за рехабилитација на некои пациенти со физички и ментални пречки.
Учењето преку игра е од витално значење за развојот на детето. Играта со „џампинг клеј“ ги стимулира сите сетила. Нејзиното користење како практична алатка за учење помага да се зајакнат развојот и образованието на детето. Тоа им помага на одличните ученици да постигнат повеќе, но и на децата што се трудат да совладаат посложени концепти. Со основните форми и можноста за мешање на боите, „џампинг клеј“ ви овозможува остварување на вашите уметнички соништа.
Станува збор за единствена техника, со која се добиваат неверојатни фигури и играчки, која е осмислена во институтот за уметност „Џампинг клеј“. Техниката лесно се учи, со специјални инструктори на часови и на работилници, кои се неверојатно интересни.
Со нашата весела глина најмалите креативци на курсевите за предучилишна возраст, со помош од сертифицирани инструктори, прават фигури. Нашиот слоган е: „Глината не е само да се гмечи и сучи, со неа се игра и се учи“. Ова претставува креативен и забавен процес на едукација, низ кој најмалите ги развиваат сите вештини што потоа ќе им бидат корисни кога ќе одат на училиште. Децата низ работата со глината ги учат различните бои и форми, добиваат чувство за симетрија, величина, простор и содржина. Низ целиот процес на гмечењето на глината, без да почувствуваат замор и без да им е здодевно, тие учат, набљудуваат, анализираат, решаваат проблеми… Особено е важно што почнуваат да размислуваат сами, развиваат свои идеи, стекнуваат самодоверба, стануваат љубопитни и ги развиваат и ги подобруваат друштвените интеракциски вештини кога работат во група.
Веселата глина „џампинг клеј“ потекнува од Јужна Кореја.
Таа е создадена по 25 години темелно истражување и развивање, по што основачите дошле токму до оваа полимерна смеса за моделирање, која е уникатна и иновативна. Откако ќе се направи посакуваната фигура, само се остава на воздух да се исуши, бидејќи нема потреба да се пече. Оваа уникатна полимерна глина, со мирис на јасмин, не предизвикува алергија, ги има поминато сите тестирања на храна, не содржи глутен и не е токсична, дури и доколку случајно се стави во уста или се проголта. Веселата глина содржи наносребрена технологија, која го спречува ширењето бактерии, како и антибактериски честички, кои ги чистат детските рачиња. Не прави неред, а кога од неа ќе се направи топка, веселата глина потскокнува. Оттука е и веселото име.
Поради сето ова, донесете ги вашите немирковци на нашите креативно-едукативни курсеви, со физичко или онлајн присуство. Секоја сабота има тематска работилница со физичко присуство, со примена на сите мерки за претпазливост.