Стихови за великанот

(На Блаже Конески)

Според „Тешкото“ што го напиша,
ја запознав тежината на твојот збор,
и знам: ако некогаш го заиграм –
срцето ќе ми трепери во мојот двор!

Според твојата „Везилка“, паметам,
се овековечи сè што е навезено,
а во него, како светла нишка,
секое твое зборче е влезено.

Според „Плачат овие планини за мене“,
знам дали некој мавка и крева рака,
и уште знам со колкава љубов
родното Небрегово си го сакал!

Според она што моето срце ми вели
и ми потреперува подземајќи здив,
вечно ќе имаш благодарност од нас,
и со напишаното секогаш ќе бидеш жив!

Саво Костадиновски


За авторот

Саво Костадиновски e мaкeдонски и германски поет, раскажувач, патописец, писател за деца и возрасни, прeпeјувач. Роден е на 30 мај 1950 год., во селото Г. Ботуше – Македонски Брод. По катастрофалниот земјотрес во 1963 год. во Скопје, живее надвор од границите на Македонија. Во 1971 година се доселува во Германија. Вишо техничко училиште завршил во Келн, во градот каде што од 1973 год. постојано живее. Како дводомен автор пишува лирика и проза за деца и за возрасни на македонски и на германски јазик. За неговите книжевни дела е наградуван и преведуван на повеќе јазици. Застапен е во избори, лексикони, антологии во Македонија и во Германија. Активен член е на Друштвото на писателите на Македонија и на Сојузот на германските писатели.