Вие ни јавувате
Во овие услови кога ни е најпотребно да слушаме позитивни и убави случувања, ООУ ,,Кочо Рацин“ – Охрид сака да ја сподели радоста со своите ученици.
Вработените во училиштето упатуваат честитки за добиените награди до учесниците на конкурсот за литературни и ликовни творби, распишан по повод патронатот на училиштето, кој беше одбележан на 22 декември.
За весникот „Мугри“ оваа година како уредувачи беа задолжени: наставничката по македонски јазик, Фила Вероска-Стојковска, и наставникот по информатика, Благоја Ристески. Онлајн патронатот поради пандемијата на ковид-19 беше заокружен со „Химна за Рацин“ и сите активности беа спроведени преку платформата Мајкрософт тимс.
Ова се имињата на наградените на литературниот конкурс: првата награда ѝ припадна на Мартина Јосифовска, 9-3 одделение, второнаградена е Надица Тасеска од 6-2 и третонаградена е Симона Димитриевска од 7-2 одделение.
На ликовниот конкурс: првата награда ѝ припадна на Ивана Настоски, 9-3, второнагрдена е Надица Новеска од 8-1 и третонаградена е Сара Котеска од 6-1 одделение.
Јазикот е нашата татковина
Отвори уста, ти лулко дрвена, стара,
отвори душа, спомени твои кажи,
те слушам, во трепет чекам,
полека чекорам јас многу сакам,
сакам крај тебе да се веднам
да бидам блиску до тебе,
кажувај, кого и колку за нас
вредни луѓе си лулеела во себе.
Блесни ти сонце, од високи гори,
радосно светни, нов ден се створи,
не чекај, прозбори, силно на јазик твој,
и јас, еве ти зборувам на најмил јазик свој.
Патнику, застани и слушај глас,
слушни ти птица,
што спомен пее, пее за сите,
да слушнат глас, за мојата татковина,
за сите нас.
Шепни посилно висока горо,
отвори денес душа и срце,
што тајни криеш?
Лист на лист шепка,
го слушнав вчас растев,
се извишував во земја своја
и на свој глас.
Наеднаш, силно, реката вгора,
провикна, пушти бисери свои,
времето тече, но не ме одвлече,
– се гордеам 75 години, цели.
Тогаш, не можев веќе, силно извикав,
на цел мој глас,
– чуваме, паметиме и се гордееме сите,
а најмногу од сѐ
– Ви благодариме, за дарот што ни го дадовте нас.
Првонаградена творбана ученичката Мартина Јосифовска,
9-3 одделение ООУ,,Кочо Рацин“ – Охрид