Во овој број на „Колибри“ ви ја објавуваме најновата песна на познатиот македонски писател за деца Васил Мукаетов. Бидејќи долго и успешно соработуваме, тој ни дозволи први да ја објавиме на нашите страници. Инаку, во доверба, ни рече дека подготвува не една туку две нови книги за своите млади читатели, на кои нема уште долго да чекате
Ако си во камп
Ако летуваш под шатор
бргу се препознава, што се вели.
Кој си, каде си и што си.
Со себе адресата си ја носиш.
Сум видел и сум шетал
никаде поголемо другарство
– од камповите за деца!
Охрид, Дојран, Отешево, Крани,
пливање, игри и падни-стани.
Патоказ јасен:
од километар се гледа
кој е овде најгласен.
А ти веќе возрасен
се средуваш автоматски:
креветот под конец,
и одморот се дели братски.
Мобилниот – во џебот десно
стануваш во шест и вежбаш,
овде сѐ ти оди лесно.
Приказнава скрати ја.
Може да налеташ
и на симпатија.
Васил Мукаетов