На Велигденскиот натпревар за најубави ликовни творби што го отвори Центарот за странски јазици во Скопје, стигнале голем број творби, па задачата да се изберат најдобрите воопшто не била лесна.
– Творбите беа изработени со многу труд и креативност, па затоа решивме да наградиме 10 наместо само три творби. Им честитаме на сите учесници, а за најдобрите подготвивме и награди – велат од Центарот.