Второ место во категоријата ликовни творби: Делфина Наумовска

Мојот јазик – тоа сум јас

Тогаш, во тоа дамнешно време,
кога светите Кирил и Методиј
кроеле писмо со знак за секој глас
со мисловна игла врела,
и ја искроиле глаголицата цела.
Тогаш, кога Крчовски и Пејчиновиќ
ја напишале првата книшка,
кога го подучиле народот наш
како татковината се сака, ете тогаш…
Тогаш, далеку,
во времето на Груев, Делчев и Гули,
кои се бореле за парче земја,
ја исцедиле последната капка крв
за да не останеме стебла со
корења гнили.
Тогаш, во времето на Рацин,
тој заљубен младич,
автодидакт на таван во глува ноќ,
со крв и мастило за својата Раца
ја покажал македонската јазична моќ.
Тогаш,
кога Петре М. Андреевски пишуваше за пиреј – трева,
за народот непокорен востанија што крева,
кога Гане создаваше зборови нови,
кога јазикот стана исполнување на минатите сонови…
А сега, кога ви пишувам поезија вам,
кога имам слободна мисла јас,
народниот јазик како древен доказ,
сега, македонскиот јазик – тоа сум јас!

Прво место во категоријата литературни творби: Jована Лазаревска (13),
ООУ „Толи Зордумис“ Куманово


Во пламенот на булките

Во сликата на твоето множество
постоиш,
оти само таква можеш да опстоиш.
Никој не помислува да те скине
знае дека со тоа ќе го уништи
твоето име.

Само Марс на твојата боја наликува,
а потоа во рубинот се пресликува.
Твојот цвет е кадифе од свила
никој не може да го има.
Тоа те прави достоинствена,
во природата единствена.

Во тебе пламти оган за почит
ти си радост за очи.

Второ место во категоријата литературни творби: Михаела Младеновска
7-а одд., ООУ,,Аврам Писевски‘‘
с. Бардовци – Скопје


Балада за вирусот

Ученик сум вреден
Послушен и смел
Да успеам во животот
Си поставив цел

Се радував на животот
На училишниот ѕвон
Бев среќен
Го живеев детскиот сон

Сонував за љубов
За среќа и радост
Полека ми минуваше животот
И мојата младост

Но сето тоа се смени
Се смени преку ноќ
Нешто од природата
Или луѓе со голема моќ

Се појави болест
Се разболе светот цел
И животот наш стана
Црн наместо бел

Луѓето се заразија
И наместо да се радуваат
Во својот дом
Почна да тагуваат

Се испразнија улиците
И училиштата се празни
Луѓето се исплашија
Веруваат во приказни разни

Се разболе светот
Ни нема веќе спас
Еве ни воведоа


И полициски час

Нема излегување ни велат
Само по два часа
Седи дома седи дома
И онлајн настава на маса

Нѐ затворија сите
Исполнети со страв
Не знаејќи ништо
Ни кој е болен кој здрав

Си играат со луѓето
Изолации, забрани
Превентивни мерки
Си играат со нашата душа
Големите ѕверки

Животот наш
Тие го диктираат
Постепено почна
И луѓето да умираат

Не знам како ќе биде
Како ова ќе заврши
Дали ќе продолжи
Е тоа ме плаши

И така сега
Онлајн настава следам
И преку прозорец жално
сонцето го гледам

Трето место во категоријата литературни творби:

Денис Цветановски, 7-2 одд, ООУ „Јоаким Крчоски“ – Крива Паланка


Трето место во категоријата ликовни творби: Марта Трајаноска