На 23 декември, во Македонската филхармонија, ќе се одржи премиерата на бродвејскиот мјузикл „Ени јуниор“.
Ова е првиот лиценциран бродвејски мјузикл за деца и младинци што ќе биде изведен кај нас, а ја раскажува приказната за малото сираче Ени – алегорија за истрајноста, вербата, упорноста и надежта за подобро утре. Делото е комплетно преведено и препеано на македонски јазик, а ќе биде изведено од деца и младинци на возраст од 7 до 18 години. Публиката ќе може да ги слушне извонредните изведби на солисти и хористи, кои ќе ги исполнат легендарните песни „Tomorrow“, „It’s a hard-knock life“ и многу други.
Претставата почнува во 19 часот, а интересно е дека со купувањето билет, вие всушност донирате во хуманитарни цели, во соработка со здруженијата „Проект среќа“ и „Дајте ни крилја“.
Покровител на проектот е претседателот на државата.