На празникот Голема Богородица, на 28 август, Марко Пејчиновски ќе има нова благородна цел, повторно ќе плива за децата со ретки болести. По тој повод ќе се изработуваат маици со мотото „Никогаш не предавај се“ (Never Give Up).
-Децата се најважниот дел од нашето секојдневие и не смееме да ги заборавиме – порачаа од тимот на Марко Пејчиновски.
На 1 август годинава, 15-годишниот херој направи уште еден подвиг, откако третпат ја исплива делницата Охрид – Св. Наум – Охрид, подвигот ѝ го посвети на мајка си.
Да потсетиме, Марко со 12 години стана најмладиот маратонец што ја испливал 30-километарската делница од Свети Наум до Охрид.