Од творештвото на писателот Димитар Алачки
Македонски Брод не плови често,
„закотвен“ е на едно место.
Тој не сонува за морски патишта,
сонува за пасишта,
за планини, за гори,
за ѕвезди и метеори,
полни му се градите
кога мисли на ливадите…
Луѓето од Брод сепак „бродат“,
секаде низ светот одат.
Еве, летово еден отиде во Тетово,
друг оваа есен замина за Ресен,
трет со брада појде во Канада,
а четврт на глава со перика
отиде дури во Америка.
Но каде и да одат,
по море или река,
Македонски Брод стои
и стрпливо ги чека!
По светот тие ќе ги видат
поплавите и сушите
ама Брод постојано
ќе го носат во душите.
(Од книгата „Таинствен сликар“)