Сите дечиња што сакаат да го искажат својот творечки ликовен потенцијал, можат да нацртаат цртежи и со нив да учествуваат на ликовниот конкурс што го организира „Сончогледи кон сонцето за невидлива попреченост“. Овој конкурс е наменет за сите дечиња од 4 до 11 години. За децата со попреченост (скриена или нескриена) што сакаат да учествуваат во овој конкурс нема ограничување во годините.
– Да ја започнеме година со креативност и преку цртежи да ја подигнеме свеста за невидливата попреченост. Овој конкурс е наменет за развој на творечкиот потенцијал кај децата, нивно ангажирање за творечка работа, а исто така и на нивното размислување за невидливата попреченост. Темата на ликовниот конкурс е „Сончогледи кон сонцето за невидлива попреченост“, па децата треба да создадат цртеж на темата – сончогледи кон сонцето – велат од иницијативата.
Овој конкурс е наменет за сите дечиња од 4 до 11 години. За децата со попреченост (скриена или нескриена) што сакаат да учествуваат во овој конкурс нема ограничување во годините. Едно дете може да учествува само со еден цртеж. Цртежите се испраќаат на фан-страницата на Фејсбук на оваа иницијатива, заедно со податоци (име, презиме, години на детето и контакт-телефон на родителот). Форматот на цртежот не треба да биде помал од А4. Може да се користат различни ликовни техники (дрвени боички, фломастери, колаж, акварел, темпера, употреба на рециклирани материјали). Добиените дела се објавуваат на фејсбук-страницата „Сончогледи кон сонцето за невидлива попреченост“. При објавување на делото ги објавуваме името на авторот и возрасната категорија.
– Гласањето ќе се одвива со кликнување на копчето „ми се допаѓа“ или другите емотикони што се на располагање. Коментарите и бројот на споделувања нема да бидат земени предвид. Гласањето ќе трае до 20 јануари, кога и ќе бидат прогласени победниците. Победник ќе биде цртежот што ќе освои најмногу лајкови. Ќе бидат избрани три победници, прво, второ и трето место. За победниците се предвидени изненадувања.
Мотивирајте ги вашите дечиња да изработат цртеж на оваа тема и нацртајте и запознајте ги за невидливата попреченост и значењето на сончогледите – велат од иницијативата. А.П.