ТАЛЕНТИ
На 11. Меѓународен ликовен конкурс распишан од Светската вселенска фондација учествуваа повеќе ученици што ја претставуваа Македонија во различни возрасни категории, заедно со повеќе од 4.000 учесници од целиот свет. Се натпреваруваа млади талент на возраст од три до 18 години.
Конкурсот траеше од 2 септември 2020 до 31 јануари 2021, а на 7 јуни годинава беа соопштени резултатите.
Во категоријата 5-6 години првото место ѝ припадна на Леона Беслаќ, ученичка во прво одделение во ООУ „Невена Георгиева-Дуња“ во Скопје. Нејзин ментор е Петар Беслаќ, дипломиран ликовен педагог, наставник по ликовно образование во ова училиште, а наедно и родител на Леона.
Од Македонија учествуваа и беа забележани цртежите инспирирани од вселената на: Павел, Никола, Илиона, Теодора, Јована, Јана и други таленти, кои беа успешни во своите возрасни категории.